Почина Марти Ахтисари творецот на планот за Косово

Поранешниот фински претседател и поранешен специјален пратеник на ОН за Косовo, Марти Ахтисари, почина утрово во Хелсинки на 87-годишна возраст, објавено е на веб-страницата на неговата мировна фондација ЦМИ.

Ахтисари беше претседател на Финска од 1994 до 2000 година и имаше истакната кариера во Обединетите нации и во финското Министерство за надворешни работи.

Ахтисари беше познат по планот за Косово и Метохија. Роден е на 23 јуни 1937 година, а во 2008 година ја доби Нобеловата награда за мир за „неколку децении ангажман и посредување во воспоставувањето мир и решавање на конфликти на неколку континенти“.

Во 2000 година, тој ја основа независната фондација ЦМИ (Иницијатива за управување со кризи), денес позната како – Фондација за мир Марти Ахтисари.

Треба да знаете
Последни објави