Израел со смртоносни закани за либанската проиранска Хезболах доколку продолжи со напади против Израел

Портпаролот на израелската армија контраадмирал Даниел Хагари, денеска изјави дека либанската проиранска екстремистичка група Хезболах ќе се соочи со смртоносен одговор доколку продолжи со прекугранични напади врз Израел.

– Хезболах, кој е контролиран од Иран и добива помош од официјален Техеран, изврши бројни напади вчера за да се обиде да ги пренасочи нашите оперативни напори (далеку од Појасот Газа), притоа загрозувајќи ја државата Либан и нејзините граѓани, рече Хагари на прес-конференција.

Тој потврди дека израелската армија го зголемила присуството на северната граница и агресивно одговара на секоја непријателска активност.

Треба да знаете
Последни објави