Осум лица од Србија и Словенија повредени во сообраќајна несреќа во Австрија: возачот заспал, минибусот се превртел

Осум лица од Србија и Словенија се повредени ноќеска во тешка сообраќајна несреќа недалеку од австрискиот град Манерсдорф.

Според пишувањата на локалните медиуми, станува збор за работници, а до несреќата, најверојатно, дошло кога возачот Србин (46) заспал на воланот поради што минибусот се превртел во кружниот тек кај Оберлоисдорф.

Во несреќата повредени се пет мажи и три жени, од кои некои добиле тешки телесни повреди.

Едно лице останало заробено во минибусот поради што пожарникарите морале да го исечат возилото.

Треба да знаете
Последни објави