Над сто камиони со хуманитарна помош чекаат да влезт во Појасот Газа

Повеќе од 100 камиони со хуманитарна помош се наоѓаат на египетската страна на граничниот премин Рафах и чекаат да бидат пуштени во Појасот Газа, јави Ал Арабија.

Според телевизијата на камионите утрово ќе им биде дозволен влез во Појасот Газа. Изминатите денови повеќе пати беше најавувано отворање на граничниот премин Рафах.

Израел неколкупати го бомбардираше преминот со цел да го спречи хуманитарната помош да стигне до жителите на Појасот Газа, со цел дополнително да изврши притисок врз Хамас, по нападот на 7 октомври. 

Треба да знаете
Последни објави