Шолц пристигна во Израел за да покаже солидарност

Германскиот канцелар Олаф Шолц пристигна во посета на Израел за да покаже солидарност по невидениот напад на Хамас врз земјата, јави ДПА.

Се очекува тој да разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Тел Авив пред да отпатува за Египет на средба со претседателот Абдел Фатах ал Сиси. Германската канцеларка е вториот шеф на држава што го посети Израел по нападот на Хамас пред 10 дена. Романскиот премиер Марсел Чолаку претходно денеска пристигна во земјата.

Шолц има намера да разговара за ситуацијата во воената зона и како да се спречи понатамошна ескалација. Се очекува, тој да се сретне и со израелскиот претседател Јицак Херцог, како и со роднините на заложниците на Хамас, меѓу кои и неколку германски државјани.

Во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври загинаа повеќе од 1.400 луѓе, а 199 беа земени како заложници. Во одмаздничките израелски воздушни напади во Појасот Газа досега загинаа повеќе од 2.800 луѓе, а хуманитарната ситуација во густо населената енклава продолжува да се влошува. 

Треба да знаете
Последни објави