Меџити: Сите пациенти примаат соодветна терапија, КАТО системот ќе биде вратен во употреба

Министерот за здравство Фатмир Меџити попладнево во Собранието пред членовите на Анкетната комисија за утврдување одговорност за случајот со издавањето терапија на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија – Скопје рече дека дека откако ја презел функцијата министер за здравство се залага да направи системски промени за да се спречат, како што рече, секакви злоупотреби и криминал во здравството. Тој истакна дека дека знаел оти на Клиниката постои КАТО-систем и како лекар невролог знае како се дијагностицираат тешки болести кај пациентите и како се препраќаат на Онкологија и уште пред избие скандалот правеле анализи за негово ставање во употреба.

„За КАТО-системот за дозирање и контрола на терапија која се дава на пациентите, кои се лекуваат на Онкологија, неколку месеци пред овој случај да излезе во јавноста, се правеа финансиски анализи дали КАТО-системот да се врати во функција или да се обезбеди нов систем за контрола на терапија. Со новиот ребаланс на Буџет обезбедивме враќање на КАТО-системот кој долгорочно ќе ги спречи евентуалните злоупотреби во иднина“, нагласи Меџити.

Тој истакна дека контрола на терапијата и без КАТО системот има и секојпациент ја добива потребната терапија. Новиот систем на работа на Клиниката кој е воведен со негово доаѓање превенира можни злоупотреби.
„Промените во менаџментот се случија на Клиниката и овозможија секој пациент да ја добива препишаната терапија, согласно индикација, доза, типот на лекот, без никаква манипулација со лековите. Секоја среда, во работна седмица, на седници за кои постојат записници, се разговара за секој пациент кој треба да почне со терапија, со било кој лек од т.н.условен буџет, како и со лековите кои се на позитивна листа. Ажурирани се клиничките протоколи, стручниот тим работи по ажурирани, обновени работни верзии, упатства за дијагноза, третман и за следење на пациентите со верифицирана малигна болест. Една од безбедносните мерки е ограничен број на сестри, точно по распоред, кој се прави секој ден и се има увид која сестра доаѓа во допир со нерастворен лек. Тој влез е строго ограничен и не е отворен за сите сестри од дневна болница.“ – рече Меџити пред пратениците.

Министерот посочи и дека анализите за тоа дали да се врати во употреба Като системот се завршени и одлучено е истиот да биде вратен во употреба.

„За КАТО-системот за дозирање и контрола на терапија која се дава на пациентите, кои се лекуваат на Онкологија, неколку месеци пред овој случај да излезе во јавноста, се правеа финансиски анализи дали КАТО-системот да се врати во функција или да се обезбеди нов систем за контрола на терапија. Со новиот ребаланс на Буџет обезбедивме враќање на КАТО-системот кој долгорочно ќе ги спречи евентуалните злоупотреби во иднина“ заврши Меџити

Треба да знаете
Последни објави