Путин ја оцени како „грешка“ доставата на ракети ATACMS од САД за Украина

Рускиот претседател Владимир Путин денеска оцени дека испораките на САД на ракетите со долг дострел ATACMS на Украина се „грешка“ што ќе создаде дополнителни закани за руските сили, но нема значително да ја промени ситуацијата на фронтот.

– Прво, ова секако предизвикува штета и создава дополнителна закана. Второ, секако дека ќе можеме да ги одбиеме овие напади. Војна е војна, рече Путин на прес-конференција за време на посетата на Кина.

– Но, што е најважно, фундаментално недостига капацитет за воопшто да ја промени ситуацијата на линијата за контакт. Тоа е невозможно, ова можеме да го кажеме со сигурност. Ова е уште една грешка на САД, оцени Путин..

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера по првпат потврди дека Киев почнал да користи проектили со долг дострел на Армискиот тактички ракетен систем (Army Tactical Missile System -ATACMS), обезбедени од САД. 

Треба да знаете
Последни објави