Медиасет на Берлускони купува малцински удел во германски радиодифузер

Медиасет, семејната компанија на поранешниот италијански премиер и медиумски магнат Силвио Берлускони, денеска објави дека купила удел од 9,6 отсто во германскиот радиодифузен сервис ПроЗибенСат.1 (ProSiebenSat.1).

Договорот треба да ги зајакне „постоечките индустриски односи” меѓу двете компании, изјави извршниот директор на Медиасет, Пјер Силвио Берлускони, кој е син на Силвио Берлускони.

– Пријателското стекнување на удел во ПроЗибенСат.1 е долгорочен избор, кој има за цел да се создаде вредност со растечка меѓународна перспектива, додаде тој.

ПроЗибенСат.1 емитува во Германија, Австрија и Швајцарија и се наоѓа на берзата во Франкфурт. Медиасет е најголем приватен радиодифузер во Шпанија и Италија и е регистриран на берзата во Милано.

Треба да знаете
Последни објави