Захарова: На повеќето Украинци не им треба закон за јазици

Повеќето Украинци немаат потреба од закон за јазик, изјави во вторникот портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесува ТАСС.

Претходно администрацијата на Лвов му се обрати на украинскиот претседател Владимир Зеленски со барање да зборува само на украински јазик во јавните обраќања.

„Еве новост за Лвовската администрација – 13,5 милиони Украинци гласаа за лицето што зборува руски во приватниот живот, на работа и за време на изборната кампања. Ова докажува нешто што е веќе очигледно – никому освен на радикалните националисти не му треба овој контроверзен закон за јазици “, напиша Захарова на нејзиниот официјален профил на „Фејсбук“.

На 24 април Врховната рада на Украина усвои Закон за украинскиот јазик. На 15 мај законот беше потпишан од тогашниот претседател Петро Порошенко.

Законот ги обврзува граѓаните да го користат украинскиот јазик во сите сфери на животот. „Јазични инспектори” ќе имаат задача да го следат спроведувањето на законот. Тие ќе можат да присуствуваат на владините сесии, да бараат документи од јавни организации и политички партии и да ги изрекуваат казни за прекршоците.

Треба да знаете
Последни објави