Македонскиот бизнис е на колена од поодамна, а особено по агресијата на Русија врз Украина, а сега со новите случувања на Блискиот Исток се очекува да настрада и дел од „ИТ“ секторот кој соработува со големи корпорации, надвор од земјава. Стравот го прелеваат неколку менаџери на големи странски компании со кои разговарав, но и неколку „ИТ“ компании кои работат за истите нарачатели.
Според разговорот со еден сопственик на таква компанија, која е македонско – странски конзорциум, осум од десетте корисници на нивни услуги, најавиле дека следната година немаат буџет за соработка, освен за тековно одржување. Другите две оставиле можност за соработка, но со далеку намален обем. Истото го доживува и уште една „ИТ“ компанија од Европа која користи услуги од македонски програмери.
Стравот од Трета Светска Војна е сè поголем кај компаниите, но и инвеститорите во старт-ап бизнисите.
Таканречените „бизнис ангели“, но, не од Македонија, велат дека инвестициите ќе ги сведат на максимум 10% од предвиденото за следната година, доколку ескалира војната на Блискиот исток. Со одлуката на САД да стави вето на резолуцијата на ОН за Газа со која требаше да се осудат нападите на Газа врз Израел, а поради тоа што истата не ги споменувала правата на Израел за самоодбрана, најголемата светска сила го зголеми стравот кај инвеститорите.
Ова е само еден во низата чекори кои ќе влијаат на економската иднина. Следен е проширувањето на санкциите кон Иран од страна на САД, со што Иран останува дополнително изолиран, иако се очекува во периодот што доаѓа Иран да го нападне Израел, без разлика на санкциите.
Овие прогнози ги запреа плановите за зголемување на инвестициите и кај големите економски играчи, а според последните информации кои ќе ги споделам, дел од најголемите конзорциуми веќе размислуваат инвестициите да ги сведат на 1%.Следните дваесетина дена се критични, велат дел од менаџерите во две големи корпорации, сместени во Полска и една американска компанија.
За Македонија се уште не се знае колкава ќе биде штетата, но ако најголемите донатори одлучат да инвестираат само 1% во нови бизнис, тоа значи дека не очекуваат тешки економски сценарија.
Игор Мицкоски