Финската компанија Нокиа (Nokia) денеска соопшти дека ќе отпушти до 14.000 луѓе како дел од планот за намалување на трошоците по падот на заработката во третиот квартал.
Телекомуникацискиот гигант информира дека ќе ја намали својата основа на трошоци и ќе ја зголеми оперативната ефикасност за „да се справи со предизвикувачкото пазарно опкружување“, пренесува Си-Ен-Би-Си.
Со новите мерки ќе се намали бројот на вработени од сегашните 86.000 на меѓу 72.000 и 77.000.
Нокија претходно објави дека нејзиниот приход во третиот квартал е намален за 20 отсто на годишно ниво, на 4,98 милијарди евра, додека профитот во истиот период паднал за 69 отсто на 133 милиони евра.