Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во американскиот Конгрес во Вашингтон имал средба со повеќе американски конгресмени со кои разговарал за продлабочување на соработката помеѓу двете земји во областа на образованието.
Како што информира МОН, на средбата тој истакнал дека проектот за медиумска писменост е еден од поважните во областа на образованието кај нас и значаен за да научат да ги препознаваат лажните вести и да ги селектираат и користат само вистинските.
-САД се наш стратешки партнер и досега имаат голем придонес во севкупните заложби за унапредување на квалитетот на образовниот систем во Северна Македонија. Дополнително обезбедуваат многу множности за нашите ученици, студенти и професори да стекнуваат искуства во тамошните училишта и универзитети, а во овој контекст особено би ги издвоил Фулбрајт и YES-програмата во чии рамки се зголемува бројот на реализирани мобилности на млади кадри и стипендии за студии во Америка, рекол Шаќири.
Средбата со конгресмените е дел од агендата на министерот Шаќири кој на покана на повеќе американски политичари е во четиридневна посета на САД. Ккао што наведува МОН, посетата ќе ја заврши со предавање на реномиран универзитет во Тексас.