Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска ќе дпатува во втора посета на Израел откако почнаа смртоносните напади на Хамас за да изрази „непоколеблива солидарност“ и да помогне да се обезбеди пристап на Палестинците до помош.
Нејзината посета, во рамки на која ќе отпатува и за Јордан и Либан, каде денеска ненадејно пристигна германскиот министер за одбрана Борис Писториус, ќе трае до сабота, пренесоа агенциите.
Пред заминувањето, Бербок нагласи дека Израел има „право да се брани од теророт на Хамас“ и ја обвини екстремистичката организација дека го користи цивилното население во Газа како „човечки штит“.