Граѓаните на Европската унија ќе можат нормално да ги минуваат сите гранични премини, додека граѓаните од трети земји ќе можат да поминат само на 14 патни премини (12 со Хрватска и 2 со Унгарија) и на осум железнички премини, каде што ќе има селективни полициски контроли, објави Јутарњи лист.
Границата ќе може да се мине само таму каде што има одредени гранични премини, објасни директорот на словенечката полициска управа Марко Гашперлин како ќе изгледа новиот режим на границата меѓу Словенија и Хрватска.
Доколку некој се најде на погрешен граничен премин, ќе го пренасочиме. Во спротивно, полицијата има можност да издаде предупредување или да изрече санкции според Законот за преминување на државната граница – објасни Гашперлин.
За да им се олесни животот на луѓето од двете страни на границата, повторно ќе се активираат дозволите за слободен премин што ги имале граѓаните на двете земји кои некогаш живееле покрај границата.
Хрватите сепак ќе можат, во принцип, да патуваат во Словенија без гранични контроли. Имено, Словенија повторно ќе воспостави контролни пунктови – премини – но на сите нема постојано да присуствува полиција. На тие премини наменети за граѓани на ЕУ, меѓу кои има и Хрвати, полицијата ќе контролира „по потреба“.
Словенија воведува привремени гранични контроли на границата со Хрватска и Унгарија поради поголем ризик од тероризам, а не од илегални мигранти, изјави денеска во Луксембург словенечкиот министер за полиција Боштјан Поклукар.