Семинар „Францускиот јазик, јазик на дипломатските односи”

Подобрување практични знаења на француски јазик во администрацијата е целта на семинарот „Францускиот јазик, јазик на дипломатските односи” што денеска беше отворен во Министерството за надворешни работи во организација на Дипломатската академија при МНР и Францускиот Институт во Скопје.

– На настанот присуствуваа голем број на претставници на Министерството за надворешни работи и другите институции од земја кои што го подобруваат своето знаење на францускиот јазик, јаизк кој што ќе ни користи наредниот период во подобрувањето на практичните знаења на нашата администрација во процесот кој што сите со нетрпение го очекуваме а тоа е отварањето на преговорите за членството во Европската Унија, рече државниот секретар на МНР, Виктор Димовски.

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние посочи дека првата и основна намера е да се разбереме подобро, зашто францускиот јазик е јазик на меѓународните односи, и ни служи да комуницираме, да работиме и да создаваме заедно.

– Овој настан претставува реализација на стратегијата на Франција за Балканот што беше откриена за време на самитот во Берлин. Ние навистина го цениме напорот на Владата која стори многу во произлегувањето на француското интернационално училиште во признавањето на билигвалните франкофонски паралелки што функционираат во рамките на средното образование во Северна Македонија, рече Тимоние.

Додаде дека го цени напорот на Владата што го прави во поддршката на францускиот јазик, но како што рече, тоа е истовремено и должност затоа што нашата држава е полноправна земја членка во меѓународната организација на Франкофонијата.

– Нашите напори ќе продолжат и во иднина и со нетрпение очекуваме да се развијат работите и во насока на потпишување на договорот за функционирањето на Француската агенција за развој и се разбира тука францускиот јазик ќе ни овозможи да работиме многу подобро, додаде Тимоние.

Треба да знаете
Последни објави