Адеми – Ковач: Многу е важно Западен Балкан што поскоро да стане дел од ЕУ

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбер Адеми оствари средба со Елвира Ковач, претседателка на Одборот за европска интеграција во Србија.

На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, било потенцирано дека е многу важно Западен Балкан што поскоро да стане дел од Европската Унија и дека Унијата е неопходно да најде начин да го овозможи тоа. Соговорниците посочиле дека подготовката за полноправно членство може да се постигне до 2030 година и тој датум е реална и остварлива цел, како за кандидатите, така и за Унијата.

Соговорниците се согласиле дека, имајќи ја предвид кризата во Украина, во Брисел е создаден политички моментум кој е поволен за процесот за натамошно проширување на ЕУ, што не треба да го пропуштат учесниците од Западен Балкан.

На средбата се разговарало за унапредување на билатералната и парламентарната соработка меѓу двете држави, перспективите на проширување на Европската Унија кон Западен Балкан и актуелните состојби во Европа и светот. 

Треба да знаете
Последни објави