Во Израел рекорден број граѓани побарале дозвола за носење оружје

Министерството за национална безбедност на Израел забележа рекорден скок во барањата на граѓаните да им биде дозволено да носат оружје, соопшти денеска Министерството.

„Има скок од неколку стотини проценти во барањата за носење оружје. Од почетокот на воените дејствија, околу 100.000 цивили поднеле барање за дозвола“, се вели во соопштението, пренесе Си-Ен-Ен.

Министерството наведува дека од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, барањата за дозволи за носење оружје се значително зголемени.

Треба да знаете
Последни објави