Хамас ослободи двајца американски државјани – мајка и ќерка – „од хуманитарни причини“, како одговор на посредничките напори на Катар, објави вечерва портпаролот на военото крило на Хамас, Абу Убаид.
Се уште не се објавени повеќе детали.
Израел соопшти дека нема да ја укине блокадата на Газа додека не бидат ослободени околу 200 заложници, додека „Тајмс оф Израел“ пишува дека може да ги има до 250.
Најмалку пет земји тврдат дека се во контакт со Хамас за ослободување на заложниците, пишува „Тајмс оф Израел“.