Во рамки на посетата на СВР Велес ги посетив полициските службеници на делницата Велес – Градско кои вршат контрола на сообраќајот на патиштата и притоа преземаат мерки во врска со Оперативната акција ,,Рефлекс” со која покрај останатото се врши контрола на возила и возачи сомнителни за криумчарење мигранти, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Во оваа прилика им оддадов признание за досегашната успешно спроведена оперативна акција, со насока и во наредниот период да се продолжат со уште позасилено темпо, со цел спречување на криумчарењето мигранти на територијата на СВР Велес“ објави Спасовски.