ОН: Денешниот конвој со хуманитарна помош за Газа не треба да биде последен

Првиот конвој со хуманитарна помош што денеска влезе во Појасот Газа не треба да биде последен, предупреди шефот на хуманитарната организација на ОН, Мартин Грифитс.

Дваесет камиони со помош од Египет влегоа во Газа, која е под израелска опсада и гранатирање.

„Убеден сум дека овој товар ќе биде почеток на постојаните напори за снабдување со основни добра – првенствено храна, вода, лекови и гориво – на жителите на Газа, на безбеден, безусловен начин без пречки, рече тој.

Денеска, според египетските медиуми, во камионите имало храна и медицинска помош, но не и гориво, кое е неопходно во Појасот Газа, чија единствена електрана не работи.

Камиони со хуманитарна помош денеска почнаа да влегуваат во Газа преку преминот Рафа, на границата со Египет, за првпат од почетокот на конфликтот пред 15 дена. 

Треба да знаете
Последни објави