Галант: Нема да има повеќе Хамас, копнената офанзива може да трае три месеци

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска предупреди дека претстојната израелска копнена офанзива на Појасот Газа може да трае три месеци, но рече дека тоа ќе биде последна таква офанзива доколку Израел успее во своите планови да ја уништи палестинската милитантна група Хамас.

„Ова треба да биде последен (копен) маневар во Газа, од едноставна причина што после него нема да има Хамас“. Ќе бидат потребни еден месец, два месеци, три, но на крајот нема да има Хамас“, изјави Галант во командниот центар на израелските воздухопловни сили во Тел Авив.

Тој додаде дека пред, како што рече, „непријателот да се соочи со оклопните и пешадиските сили, тие ќе се соочат со бомбите на воздухопловните сили“, пренесува Тајмс оф Израел.

„Имам впечаток дека знаете како да го направите тоа на смртоносен, прецизен и многу квалитетен начин, како што е докажано досега“, им рекол Галант на претставниците на израелските воздухопловни сили.

Треба да знаете
Последни објави