Денешниот напад врз членот на скопското подземје Раде Трајковски – Штекли, пред само неколку денови бил најавен на социјалната мрежа Тик Ток.
„Раде знам дека се плашиш многу, ама што да правиш, живот, тоа е. Господ на кој како му пишал, ама ние тебе ќе ти пишеме“ стои во видео објавата на извесен корисник Gjakugjak на социјалната мрежа Тик Ток.
Летово, на сличен начин преку Тик Ток беа најавувани и други напади и ликвидации.