Во акција на Европол уапсени девет лица за трговија со хероин

Во заедничка акција на полицијата и судските власти на Франција, Полска и Украина минатата недела беа уапсени девет лица осомничени за трговија со хероин, соопштија од Европол.

На украинскиот нелегален пазар запленети се 7.200 таблети во вкупна вредност од 100.000 долари.

Тие, исто така, заплениле автомобили, пари, опрема и други вредни докази за криминални активности, е додадено во соопштението на европската полиција.

Треба да знаете
Последни објави