Протест во Сараево поради ситуацијата во судството

Пред зградата на правосудните институции во БиХ, што ја делат Високиот судски и обвинителски совет (ПДЈЗ), Судот на БиХ и Обвинителството на БиХ, денес почнаа протестите на граѓаните незадоволни од актуелната ситуација во судството.

Протестот започна малку по 11 часот, а насобраните луѓе носеа транспаренти, а беше истакнато и военото знаме на БиХ, објави РТРС.

Протестите беа организирани по најновата афера за наводниот поткуп во врска со кој се спомнува и Милан Тегелтија, претседател на Високиот судски и обвинителски совет.

Треба да знаете
Последни објави