Спасовски за инцидентот во „Ист Гејт“: Повеќе тимови работат на утврдување на сторителот и мотивот

По вчерашниот инцидент во „Ист Гејт“ каде од страна на вооружен напаѓач беа ранети две лица, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека повеќе полициски тимови активно работат на случајот.

Одговарајќи на прашањето, дали по настанот граѓаните би можеле да се чуствуваат безбедни и сигурни, движејќи се по јавни простори, Спасовски рече:

„Што се однесува до инцидентот активно се работи и формиран е посебен штаб во СВР Скопје, приклучени се тука и од одделот за криминалистичка полиција, форензика, одделот за организиран криминал итн, сите заеднички прибираат податоци и докази заедно со Јавното обвинителство се со цел да се утврдат фактите и да може да се открие и сторителот но и мотивите што се во однос на овој настан“.

Од „Ист гејт“ во август уверуваа дека трговскиот е безбеден и дека се работи за изолиран инцидент, кој не е поврзан со општата безбедност на посетителите.

Еден од ранетите претходно се поврзуваше и со убиството на фудбалерот Мартин Јанушев. Беше во бегство во Србија и беше екстрадиран во Македонија, а за него полицијата има водено неколку постапки.

Треба да знаете
Последни објави