Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ во интервју за Гардијан истакна дека Брисел има можност да ја обнови својата посветеност на проширувањето на Европска Унија, така што Црна Гора ќе стане земја-членка.
– ЕУ може да ја покаже својата обновена посветеност на принципот на проширување, така што во рок од пет години ќе ја прифатат Црна Гора, наведе Милатовиќ.
Претседателот на Црна Гора неделава ќе го посети Лондон и ќе се сретне со кралот Чарлс и со британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли.
Руската агресија против Украина делуваше како повик за будење во Брисел и другите европски престолнини дека пристапувањето мора да биде геополитички аспект. Нашето членство ќе ѝ покаже на скептичната јавност дека проширувањето сè уште е живо и оти не е прашање само на елитите, истакна Милатовиќ.