Министерот Николовски ќе го потпише договорот за ангажирање на консултатнтска фирма за изработка на физибилити студија и основен проект за изградба на логистичко-дистрибутивна платформа во Скопје

Денеска министерот Љупчо Николовски ќе го потпише договорот за ангажирање на консултатнтска фирма за изработка на физибилити студија и основен проект за изградба на логистичко-дистрибутивна платформа во Скопје.

Изградбата на логистичко-дистрибутивна платформа е значајна капитална инвестиција, која заедно со изградбата на двата откупни центри во Струмица и Ресен имаат за цел да се олесни дистрибуцијата на храна и пристапот до пазарот на големо, како и поврзаноста со балканскиот регион.

Капиталниот проект за изградба на логистичко-дистрибутивна платформа во Скопје и откупните центри во Струмица и Ресен се реализира преку Проектот за модернизација на земјоделството со финансиска поддршка од Светската банка.

Треба да знаете
Последни објави