МИНИСТЕРОТ ЛОГА ГО ОТВОРИ МИНИСТЕРСКИОТ ФОРУМ ЗА ПРАВДА И ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

Министерот за правда, Кренар Лога е домаќин на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи што се одржува во Скопје, под покровителство на Шпанското претседателство со Европската Унија.

Денешната прва сесија ја отвори министерот Лога заедно со министерката за правда на Кралството Шпанија Мариа Пилар Лоп Куенка и Комесарот Дидиер Рејндерс,  каде ќе се дискутира за владеење на правото и реформите во правосудниот систем. Во рамките на првата сесија акцентот ќе биде ставен на зајакнување на довербата на граѓаните во правосудниот систем и за важноста и придонесот на регионалните проекти во спроведување на клучните реформи во правосудството.

Фокусот на втората сесија ќе биде насочен кон заедничката акција за воената агресија против Украина и заедничките координативни активности што ги спроведува EUROJUST.

Посакувам успешна и плодна работа на денешниот форум. Со организацијата на овој форум уште еднаш ги потврдуваме нашите заложби за забрзана интеграција на нашата држава кон Европската Унија.

Треба да знаете
Последни објави