Спасовски за МИА: Во сите структури можеби постојат криминалци, а наш врвен приоритет е борбата против нив

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека еден од врвните приоритети е борбата против криминалните стуктури во сите сфери на општеството.

Спасовски во интервју за МИА во врска последниот инцидент во Ист гејт мол, во кое имаше пресметка на скопските картели, но и за прозивките дека не се справува ефикасно со криминалните структури, како и дека секоја власт си има поддршка од еден картел, рече дека таа констатација воопшто не е точна констатација.

-Јас ќе кажам дека во сите структури можеби постојат криминалци или криминални структури, коишто поддржуваат други криминални структури, меѓутоа тоа не може да биде констатација за поддршка на едни или на други или за поддршка не знам на партија на власт или за поддршка на партии во опозиција. Ова што го правиме не само сега, туку изминатиот период, покажува дека еден од топ приоритетите е токму борбата против таквите криминални структури коишто ги имаме. Апсењата ако ги погледнете во изминатиот период ќе видите дека токму лицата коишто се занимаваат со такви криминални активности најголемиот дел веќе се наоѓаат зад решетки. Само во август и септември уапсивме три лица, коишто се бараа со потерници во рамки на оперативната акција „Планина“, која што се однесуваше исто така на разбивање на ваквите криминални групи, вели Спасовски во интервјуто за МИА, во кое говори и за истрагата во врска со пукањето во Ист гејт молот, во кое среде бел ден вооружен маж застрела две лица.

Спасовски во интерјуто говори и за новоотворениот Одел за форензичко истражување, дали новата опрема ќе го забрза справувањето со криминалот, за акција за заплена на дрва, чија сеча била нелегална, за тоа дали МВР има стратегија и ресурси да ги сузбие дрвокрадците да не jа уништуваат шумата, но и за измените на КЗ со кои застаруваат делата од поранешното СЈО.

Интервјуто со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во целост со видео материјал ќе биде објавено утре.

Треба да знаете
Последни објави