Лажен „оземпик“ се појави и во Србија, опасен е по здравјето, дури предизвикува и напади

Откако беше пријавено во регионот, лажниот лек Оземпик се појави и во Србија, потврдија за од компанијата што го произведува овој лек Ново Нордиск. Фалсификуваните пакувања на овој лек се регистрирани во Србија и Црна Гора.

Оземпик е лек кој ја содржи активната супстанција семаглутид и е одобрен за третман на дијабетес тип 2. Лековите имаат сериски броеви, 2D баркодови и единствени сериски броеви од оригиналните пакувања „оземпик“. Фалсификуваните пакувања при скенирањето покажале дека сериските броеви се неактивни, со што ги алармирале операторите за потенцијален фалсификат.

„Првите пријави за сомнителни лажни лекови ги добивме во март годинава. Досега, компанијата „Ново Нордиск“ има добиено вкупно 25 пријави за сомнителни фалсификувани лекови на територијата на Србија и Црна Гора. Од нив, 18 пријави се поврзани со лекот Оземпик, а во 17 случаи е потврдено дека лекот е фалсификуван – потврдија од компанијата „Ново Нордиск“ за Телеграф.рс.

Кога пријавата за несакани ефекти од овој лек ќе пристигне на адресата на компанијата „Ново Нордиск“, тие автоматски, како што велат, согласно прописите, ја снимаат и пријавуваат до Министерството за здравство на Република Србија и до Агенција за лекови и медицински помагала на Србија.

„Важна препорака за пациентите е да купуваат лекови само од овластени добавувачи и со соодветен рецепт од лекар. Нагласуваме дека Ново Нордиск тесно соработува со Институтот за фармацевтска безбедност (PSI) и со неколку други организации на европско ниво, што обезбедува навремено споделување на точни информации и создавање јасна слика за статусот на овие активности. Редовно соработуваме и со властите во Република Србија, одговорни за спроведување на законот во оваа област“ – велат од компанијата.

За потсетување, неколку лица беа однесени во болница во Австрија откако користеа нешто за кое постои сомневање дека е копија на лекот за дијабетес Оземпик. Во соопштението на Агенцијата за лекови се вели дека пациентите претрпеле хипогликемија или сериозно опаѓање на шеќерот во крвта и напади, што укажува на на фактот дека производот содржел инсулин наместо активната состојка на лекот, семаглутид.

Ова се случува поради недостиг на Оземпик што е искористено од криминални организации. Недостигот се појави најмногу поради информации дека е корисен за слабеење.

Треба да знаете
Последни објави