Се работи на главната улица во село Возарци, оневозможено е движењето на автомобили од споредните улици, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
– Се известуваат жителите на село Возарци, дека поради градежни активности за реализација на проектот за изградба на атмосферска канализација, денес и утре ќе се работи на главната улица. Поради големината и длабочината на ровот, оневозможено е движењето на автомобили од споредните улици, се вели во известувањето.
Од градоначалничкиот кабинет потсетија дека продолжуваат средбите на градоначалникот и претставници на локалната самоуправа со жителите од урбаните и руралните месни заедници.
– Целта е да се согледаат секојдневните проблеми на заедничкото живеење, да се расправа за можностите за нивно решавање и заеднички да се креираат идните активности за 2024 година, нагласија од кабинетот на Јанчев.