Речиси 100 луѓе се мртви или исчезнати во Мексико откако ураганот Отис, бура од петта категорија, го погоди тихоокеанското одморалиште Акапулко минатата недела, соопштија денеска властите во државата Гереро, цитирани од британските медиуми.
Отис го нападна Акапулко во средата со ветрови со брзина од 266 км/ч, предизвикувајќи поплави, дување покриви од домови, хотели и други згради, потопување возила и нарушување на телекомуникациите, патните и воздушните врски до одморалиштето.
Евелин Салгадо, гувернер на државата Гереро, каде што се наоѓа Акапулко, изјави, повикувајќи се на обвинителството, дека 45 лица се потврдени мртви, а 47 се водат како исчезнати. Таа вчераутро објави дека животот го загубиле 43.
Потоа, вчера во попладневните часови, властите соопштија дека бројот на загинати се искачи на 48, од кои 43 во Акапулко и пет во блискиот град Којука де Бенитез.