Како што соопшти денес Генералниот директорат за енергија (ГД Енергија) на Европската
комисија, електричната меѓусебна интерконекција ГРЕГИ е вклучена во листата на проекти од
заеднички интерес (ПМИ). Ваквата листа ќе биде испратена до Европскиот парламент и до
Европскиот совет за официјална ратификација со цел да се заокружи вообичаениот процес.
Овој водечки проект ќе ги поврзе Египет со Европа преку Грција со подморски кабел од 3 000
MW, со должина од околу 950 километри. Зелената и ценовно конкурентна енергија којашто ќе
се пренесува од Египет во Грција ќе биде произведена од 9,5 GW обновливи извори на енергија
коишто ќе бидат изградени и управувани од страна на Групацијата Копелузос во Египет. Овие 3
000 MW зелена енергија што ќе ги пренесе проектот ГРЕГИ, ќе заменат 4,5 милијарди долари
природен гас годишно и ќе ги намалат емисиите на CO2 за околу 10 милиони тони годишно.
Ова е проект од стратешко значење за Европа, целосно усогласен со стратегијата на Европската
Унија за транзиција кон зелена енергија и постигнување нула емисии на CO2 до 2050 година.
Тој е целосно усогласен со енергетската стратегија на Европа за електрификација на
енергетските системи и нивно снабдување со чиста зелена енергија, со оглед на брзиот продор
на обновливите извори на енергија и декарбонизацијата на Унијата. Истовремено, ГРЕГИ ќе
даде одлучувачки придонес во насока на енергетска диверзификација и силно ќе ја поддржи
политиката на ЕУ за создавање зелени енергетски коридори од југ до север, поврзувајќи го
египетскиот електричен систем со Европа.
Исто така, се истакнува дека ГРЕГИ – Зелениот енергетски интерконектор – веќе е вклучен во
развојната иницијатива на Европската Унија „Глобална порта“ која има за цел да ги обедини
приоритетите на надворешната политика и инвестициите на ЕУ за периодот 2021-2027 година,
со цел развој на глобалната инфраструктура.