Според кампањата Bully Watch, која бара забрана за продажба и одгледување на големи кучиња Bully XL, раса која е одговорна за повеќе од половина од сите фатални напади на кучиња во Британија минатата година.
Bully XL првично беа одгледувани од американски пит бул териери и американски стафордширски териери и првпат се појавија во Британија „околу 2014 или 2015 година“, при што бројот на овие кучиња рапидно растеше во последниве години, соопшти групата за кампања.
Британскиот премиер Риши Сунак претходно ги објави плановите на Владата, а сега тие и официјално се усвоени.
Објавувајќи го планот, Сунак рече дека „го дели ужасот на нацијата“ од бранот сериозни напади на кучиња.
„Јасно е дека не станува збор за неколку лошо обучени кучиња, тоа е модел на однесување и не може да продолжи“, рече Сунак во видео пораката во средината на септември, според Скај њуз.
Од 31 декември 2023 година, размножувањето, продавањето, рекламирањето, враќањето во домот, напуштањето и дозволувањето на кучињата XL Bully да скитаат ќе бидат нелегални во Англија и Велс, објави Владата.
Исто така, од 31 декември 2023 година, кучињата во јавност мора да имаат муцка и поводник.
Од 1 февруари 2024 година ќе стане нелегално да поседувате куче XL Bully, освен ако тоа не е регистрирано на Индексот на изземени кучиња.
Сопствениците кои сакаат да ги чуваат своите кучиња до крајот на јануари можат да аплицираат за ослободување и исто така ќе мора да се придржуваат до строгите правила.
Кучињата мора постојано да носат муцки, да бидат стерилизирани, микрочипирани и на поводник.