Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Париз, кој вечерва во второто коло го совлада Аргентинецот Томаш Мартин Ечевери со 6:3, 6:2.
Натпреварот траеше еден час и 25 минути. Ѓоковиќ е тенисер број еден во светот, додека Ечевери е 31. на АТП листата. Ова беше втор дуел на српскиот и аргентинскиот тенисер, а втор триумф за Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер утре ќе игра во осминафиналето против холандскиот Талон Грикспор кој е 23. играч на АТП листата. Србинот и Холанѓанецот одиграа два дуели во кариерата, а двата пати победи Ѓоковиќ.
Доцна вечерва Ѓоковиќ во осминафиналето на Мастерсот во Париз ќе игра против Рохан Бопана од Индија и Австралиецот Метју Ебден во конкуренција на двојки со сонародникот Миомир Кецмановиќ.
Мастерсот во Париз се игра за награден фонд од 5.779.335 евра.