Фудбалската репрезентација на Србија е казнета со еден натпревар без публика и вкупна парична казна од 89.250 евра поради навивачки инциденти на натпреварот со Црна Гора во квалификациите за ЕП 2024 година, соопшти вечерва Европската фудбалска унија (УЕФА).
Србија на 19 ноември ќе игра во Лесковац со Бугарија во последниот квалификациски натпревар за Европското првенство кое ќе се одржи во 2024 година. Казната на УЕФА не значи автоматски дека стадионот во Лесковац ќе биде празен, бидејќи Фудбалскиот сојуз на Србија ќе ја искористи можноста да има деца до 14 години на трибините, што значи дека избраниците на Драган Стојковиќ ќе имаат убав средина за историски пласман на ЕП.
На 17 октомври на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, Србија ја совлада Црна Гора со 3:1 во натпреварот од групата Г од квалификациите за ЕП 2024. Србија е на второто место на табелата од групата Г од квалификациите за ЕП во Германија со 13 бода.
Воедно, УЕФА го казни и ФК Црна Гора со вкупно 20.000 евра и забрана за водење навивачи на следниот натпревар на гости. УЕФА му нареди на ФСЦГ да стапи во контакт со ФШ и да ја надомести штетата на стадионот „Рајко Митиќ“, која ја направија црногорски навивачи,