Компанијата за цемент Прогресо ја заврши првата 3Д печатена куќа во Гватемала.
Оваа органски обликувана куќа од 49 квадратни метри била изградена за само 26 часа во текот на 7 дена, комбинирајќи модерни градежни техники со традиционален покрив во ранчо стил, направен од листови од палма, кој е идеален за сеизмички области.
Има три метри високи 3D печатени ѕидови направени од 3D печатачот BOD2 на COBOD International. Ова е моментално најпродаваниот 3D градежен печатач во светот и широко се користи во САД, Канада, како и во земјите од Латинска Америка, вклучително и Мексико.
Куќата од 49 квадратни метри има едноставен внатрешен распоред. Содржи централна дневна соба опремена со маса и столици, како и мала кујна со плакари и мијалник и посебна спална соба и бања.
-Завршувањето на првата 3Д печатена куќа која ги исполнува сите сеизмички барања означува значајна пресвртница за градежното 3D печатење во Латинска Америка. Регионот е побавен во прифаќањето на 3D градежното печатење од другите, но интересот рапидно расте. Очекуваме наскоро да се случи значителен пресврт, особено сега кога се преземени чекори за да се потврди соодветноста на технологијата за печатење во овој сеизмички регион, рече Филип Лунд-Нилсен, ко-основач и шеф на COBOD во САД.