Земање лекови кога ќе почувствувате дека ќе ве фати настинка може да резултира со поблаги симптоми, велат лекарите. Според нив комбинација на парацетамол и ибупрофен, доколку не сте алергични е идеална за тоа.
Ако одлучите да го следите овој совет на лекарите и да земете ибупрофен и парацетамол, тогаш не треба да земате лекови за кашлица и настинка истовремено.
„Ќе забележете дека многу лекови за кашлица и настинка често содржат и парацетамол и ибупрофен, па лесно можете да земете повеќе од препорачаната доза“, предупредуваат лекарите.
Исто така важно е да се напомене дека вакцината против грип не може да спречи лицето да настине. Во секој консултирајте се со вашиот лекар пред да земете било какви лекови на своја рака.