Најмалку 21 лице е повредено во болницата Ал Кудс во градот Газа по израелските воздушни напади врз населбата Тал Ал Хава, соопшти денеска палестинската Црвена полумесечина. 14.000 раселени лица побараа засолниште во болницата Ал Кудс, втората по големина болница во енклавата.
Црвената полумесечина објави видео на кое се гледа скршено стакло на подот на болницата додека здравствените работници носат деца, а медицинските лица се грижат за жена со повреда на ногата.
„За време на нападот било скршено внатрешното стакло на болницата и се урнал дел од таванот. Повеќето од повредените се жени и деца“, велат од хуманитарната организација.