Израелската армија соопшти дека нападнала две противтенковски лансирни позиции и уште една позиција на Хезболах во Либан.
Нападите се извршени во јужниот дел на Либан во близина на израелската населба Јифтах.
Борбите помеѓу Израел и Хезболах почнаа еден ден по нападот на Хамас врз Израел, а интензивираните напади од двете страни изминатите денови ја зголемуваат можноста за понатамошна ескалација.
Лидерот на Хезболах, Хасан Насралах изјави дека целта на борбите е да се одвлечат израелските сили од Појасот Газа.
– Сите опции се отворени на нашиот либански фронт, наведе Насралах.