Одбележување 70. години постоење на извидничко движење

Сојузот на извидници на Македонија (СИМ) денеска одбележува 70 години постоење на извидничко движење во земјата. За таа цел, СИМ организира давање Завет на новите членови во 12 часот во Жена Борец – Скопје.

-Оваа церемонија има исклучителна сентиментална важност за секој извидник, истата е централна во уникатниот метод на работа кој се практикува во извидништвото. На настанот е очекувано присуство од повеќе од 300 извидници (деца, млади и возрасни) од целата држава, велат од СИМ.

Вечерта, во хотел „Континентал“ ќе биде одржана Свечената Академија по повод 70 години постоење на Сојузот на извидници на Македонија.

– Оваа Академија ќе опфати серија на истакнати говорници, ретроспективен преглед на нашата богата историја, културни изведби и ексклузивна церемонија за доделување на признанија за оние кои дале исклучителен придонес за Сојузот на извидници на Македонија низ годините, известуваат од СИМ. 

Треба да знаете
Последни објави