Расчистени три кражби на возила во Прилеп, приведениот сторител ги признал делата

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп по претходно преземени оперативни мерки и активности, вчера го лишија од слобода Е.Ќ.(28) од Прилеп. Тој, како што информира МВР, се сомничи дека на  14.07.2023 одзел патничко возило „застава 128″, на 28.10.2023 одзел патничко возило „тико” и на 03.11.2023 одзел патничко возило „опел астра”.

-Осомничениот во целост ги призна делата. Две од одземените возила се пронајдени и вратени на сопствениците, а се работи на пронаоѓање и на третото возило, соопшти МВР.

Според највите од МВР, по комплетирање на службениот материјал против осомничениот ќе следи кривична пријава по член 242, „одземање на патничко моторно возило“.

Треба да знаете
Последни објави