Христијан Мицкоски со континуирано изнесување невистини ја поткопува и загрозува истрагата за Онкологија.
Ако Мицкоски навистина има докази треба да ги поднесе до надлежни институции, пред се до надлежно Јавното обвинителство.
Јавно објавување значи директно загрозување на истрагата за Онкологија, а прикривање докази е кривично дело.
Очигледно Мицкоски свесно ја загрозува истрагата за Онкологија и се наметнува прашањето која е неговата цел, дали сака да ја попречи правдата и да заштити некој од инволвираните во случајот.
После 20 години, гласини и индиции за прв пат во време на СДСМ, институции влегоа и направија акција за расчистување.
Одговорност за сите инволвирани во случајот на клиниката за онкологија ќе има, независно од политичката или етничка припадност.