Вооруженото крило на палестинската група Хамас денеска соопшти дека повеќе од 60 заложници киднапирани од борците на организацијата од Израел исчезнале поради израелските воздушни напади врз Појасот Газа.
Портпаролот на бригадата Изадин ал Касам Абу Убеида на Инстаграм каналот на Хамас изјави дека под урнатини се заробени 23 тела на израелски заложници.
„Се чини дека никогаш нема да можеме да дојдеме до нив поради континуираната брутална агресија врз Газа“, рече тој.
Абу Убеида минатата недела изјави дека речиси 50 израелски заложници држени од Хамас во Појасот Газа биле убиени во израелски бомбашки напади на палестинска територија.