Повеќекратниот италијански фудбалски шампион Јувенстус се враќа на победничките патеки и се вклучува во трката за скудетото. Избраниците на тренерот Масимилијано Алегри го добија дербито во 11. коло против Фиорентина на (0:1) на „Артемио Франки“. Ова беше шести натпреавр во низа без примен гол во мрежата на „старата дама“ и четврта победа по ред по која Јувентус се проби на втората позиција со два бода заостанување зад лидерот Интер и четири повеќе од Милен, односно пет пред актуелниот шампион Наполи.
Јувентус постигна гол уште во десеттата минута преку младиот Фабио Мирети и покажа дека знае да игра на резултат приведувајќи го мечот до нов триумф.