Агенциите на ОН повикуваат на итен прекин на огнот на Блискиот Исток

Шефовите на сите големи агенции на ОН издадоа заедничка изјава во која повикуваат на „итен хуманитарен прекин на огнот“ истакнувајќи дека е „доста“.

– Речиси еден месец, светот ја следи ситуацијата во Израел и окупираната палестинска територија во шок и ужас од спиралниот број на изгубени и растргнати животи, велат шефовите на ОН.

Шефовите на организациите, вклучувајќи ги УНИЦЕФ, СЗО, Светската програма за храна – како и добротворни организации како што е „Спасете ги децата“ ја опишаа „ужасната“ загуба на животи од двете страни и побараа безусловно ослободување на заложниците киднапирани од Хамас за време на нападите на 7 октомври.

„Сепак, ужасните убиства на уште повеќе цивили во Газа е грозоморно, како и отсекувањето на 2,2 милиони Палестинци од храна, вода, лекови, струја и гориво“, се вели во изјавата.

Во соопштението се додава дека 88 луѓе кои работеле за УНРВА, агенцијата за палестинските бегалци, биле убиени од 7 октомври, што е најголем број жртви на ОН „регистрирани некогаш во еден конфликт“.

Треба да знаете
Последни објави