Прекината евакуцијата на странците од Газа

Од саботата е прекината евакуацијата на странски државјани и повредени жители на Газа преку преминот Рафа кон Египет, јавија британските медиуми.

Евакуацијата е прекината од саботата по смртоносниот напад врз амбулантно возило, соопштија египетски, американски и катарски официјални лица, пренесоа британските медиуми.

Палестинската телекомуникациска компанија Палтел соопшти дека сите комуникациски и интернет услуги повторно се во прекин во Појасот Газа, пред се, поради континуираното гранатирање, додека Министерството за здравство на Газа соопшти дека десетици лица загинале во напад врз бегалски камп во текот на ноќта.

Преминот Рафа кон египетскиот Синајски Полуостров е единствената излезна точка од Газа, што не е под контрола на Израел. 

Треба да знаете
Последни објави