Мишел повика на промени на составот на Советот за безбедност на ОН

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска, на годишната конференција во Брисел на амбасадорите на ЕУ ширум светот, повика на промени во составот на Советот за безбедност на ОН, за воздржана европска дипломатија и можноста ЕУ да биде подготвена за проширување во 2030 година.

„ОН прават извонредни напори, но потребни се промени поради злоупотребата на правото на вето во Советот за безбедност. Неопходна е промена на составот на Советот за безбедност, тоа е единствениот начин тој повторно да функционира“, рече Мишел.

Во однос на проширувањето на ЕУ, тој посочи дека во декември Европскиот совет треба да донесе политички одлуки. „Не е само да сакаме ЕУ да биде поголема, тоа не би било доволно. Европа мора да биде помоќна и со поголемо влијание“, истакна Мишел.

„Мислам дека процесот на проширување треба да ги следи сопствените заслуги на поединечните земји. Има и геополитичка димензија, уште повеќе по рускиот напад на Украина. Потребен е попостепен процес за да им се овозможи на земјите кои преговараат за пристапување побрзо да се чувствуваат поблиску до ЕУ. Останувам на ставот дека нашата цел треба да биде овие земји да бидат подготвени за пристап до 2030 година, тоа ќе има дисциплинирачки ефект и врз кандидатите и врз ЕУ, рече претседателот на Европскиот совет.

Што се однесува до конфликтот на Блискиот Исток, тој смета дека „решението не е во продолжување на теророт“. „Како што се влошува ситуацијата, така се намалува можноста за постигнување траен мир“, рече Мишел.

Според него, решението е во мирни преговори за одвојување на две држави на Израелците и Палестинците, а ЕУ, како што рече, ќе продолжи да го поддржува овој пристап.

„Подготвени сме да поттикнеме свикување мировна конференција. Ако Израелците и Палестинците сакаат да коегзистираат мирно, нема друг начин“, заклучи тој.

Треба да знаете
Последни објави