Македонската клупска кошарка на денешен ден пред 27 години го доживеа можеби најголемиот успех.
Во преполната сала „Јане Сандански“, или тогаш популарно позната како „лименка“ на 6 ноември 1996 година, МЗТ Скопје го совлада големиот кошаркарски гигант и тогашен шесткратен европски првак, Реал Мадрид, со 69-68, во рамки на тогашниот „Еврокуп“ на ФИБА.
Аеродромци пред својата публика, пред повеќе од 1.500 гледачи одиграа историски меч кој го одбележа кошаркарот на домашната екипа Перо Блажевски, а тимот предводен од големиот Жељко Обрадовиќ, од Скопје си замина со спуштена глава.
Во видеото подолу потстете се на возбудливата завршница на мечот.