Папата Франциско се пожалил дека му е лошо за време на средбата со делегацијата на Европската конференција на рабини, пишува италијанскиот весник „Кориере дела сера“.
Според весникот, папата со слаб глас ги поздравил членовите на делегацијата и се пожалил дека не се чувствува добро. Тој одби да го прочита подготвениот говор и им го предаде на членовите на делегацијата.
„Ви благодарам за посетата, но не ми е добро“, коментираше 86-годишниот поглавар на Римокатоличката црква.
Италијанскиот весник посочува дека било планирано Папата да се сретне со децата во попладневните часови. Прес-службата на Светата столица не соопшти дали овој настан е откажан.